ДАБЛ (DOUBLE) 7-10-20 +3MgO (40kg)

Слика на ДАБЛ (DOUBLE) 7-10-20 +3MgO (40kg)
ДАБЛ (DOUBLE) 7-10-20 +3MgO Високо квалитетно грануларно органско-хемиско ѓубриво збогатено со микроелементи и хумусна органска материја. Eдинствена комбинација на хемиски хранливи елементи и хумусни соединенија! Tие се 2 во 1, органско и хемиско ѓубриво во едно пакување – ДВОЕН производ!

1.280,00 ден

Достапност: 9 на залиха

Производител: Ledra Ltd

ДАБЛ (DOUBLE) 7-10-20 +3MgO
Високо квалитетно грануларно органско-хемиско ѓубриво збогатено со микроелементи и хумусна органска материја

ДАБЛ (DOUBLE) 7-10-20 +3MgO ѓубривата се единствена комбинација на хемиски хранливи елементи и хумусни соединенија! Нивниот квалитет и карактеристики не може да се споредат со вообичаените ѓубрива. Нивното производство е базирано на високата Американска технологија развиена од GT CHEMICALS USA. Овие ѓубрива ја комбинираат густата органска материја од цело пакување на обично органско ѓубриво со силата и хемиската синтеза на минерални ѓубрива добиено по пат на висока технологија. Накратко кажано, тие се 2 во 1, органско и хемиско ѓубриво во едно пакување – ДВОЕН производ (ДАБЛ – DOUBLE)!


Асимилацијата (степенот на искористеност) на елементите (Азот-N, Фосфор-P, Калиум-K, Магнезиум-Mg, Микроелементи) од ѓубривата по стара хемиска технологија (11-15-15, 15-15-15, 20-10-10, 20-10-0, 16 20-0) која е раширена насекаде и покрај откритието дека не надминува повеќе од 30%.


Во DOUBLE ѓубривата елементите (Азот-N, Фосфор-P, Калиум-K, Магнезиум-Mg, Микроелементи) со помош на ХУМУСНИТЕ ОРГАНСКИ МАТЕРИИ достигнува и над 80%, tшто значи и дека се потребни многу помали количини од DOUBLE fѓубривата за да се задоволат потребите на растенијата.

TИЕ СЕ ОРГАНСКО И ХЕМИСКО ЃУБРИВО ИСТОВРЕМЕНО ВО ЕДНО ПАКУВАЊЕ!

Tие ги носат предностите на двете групи ѓубрива и му даваат можност на фармерот да применува едно ѓубриво кое ги задоволува сите потреби на растението за органски и минерални елементи, на најлесен и најекономичен начин и притоа постојано го подобрува квалитетот на приносот. 
Познато е дека почвите мора да се справат со високите потреби на современото земјоделие и за да се избегне нивно осиромашување, неопходна е примена на органски и минерални (хемиски) ѓубрива.
Постојаната употреба на хемиски ѓубрива, над 50 години, создала огромни проблеми во структурата и квалитетот на почвата, кои по својот состав се често многу сиромашни по органска материја и хумусни компоненти.
Со цел да се соочат со овој проблем, информираните фармери се осврнуваат кон скапи и болни решенија за арско ѓубре од животни или пак индустриски органски ѓубрива комбинирани со хемиски ѓубрива.
DOUBLE ѓубрива ја комбинираат густата органска материја од цело пакување на обично органско ѓубриво со силата и хемиската синтеза на минерални ѓубрива добиено по пат на висока технологија.
DOUBLE ѓубривата се 2 во 1, органско и хемиско ѓубриво во едно пакување – двоен производ! Токму поради нивната кондензирана синтеза и двојна природа (хемиска и органска), одгледувачот може да аплицира помала количина споредено со вообичаените количини од традиционалните ѓубрива, при што се добиваат подобри резултати за културата и за почвата. DOUBLE ѓубривата веќе ја содржат делотворната органска хумусна материја што одговара на вообичаено пакување од органските ѓубрива, така да не е потребно да се аплицираат дополнителни органски ѓубрива. Овие две горенаведени точки се предност што ја овозможува примената на овие ѓубрива, а тоа е намалување на трошокот за ѓубрење на културата (на начин на кој се аплицираат помали количини и се избегнува трошокот за одделни органски ѓубрива.

ХУМУСНИТЕ ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА И СОЕДИНЕНИЈАТА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПОЧВАТА ШТО СЕ НАОЃААТ ВО DOUBLE ГИ ИМААТ СЛЕДНИВЕ КАРАКТЕРИСТИКИ:

1. Ги раствораат неорганските хранливи материи (N, P, K, Mg) и микроелементите што се присутни во ѓубривото, како и тие што се врзани во почвата при претходни ѓубрења и се недостапни за растенијата, и кај двата случаја ја помагаат апсорпцијата и асимилацијата од страна на растенијата. 
2. Ги раствораат нерастворливите соли во почвата –што настанале при континуирана примена на минерални ѓубрива – и ги враќаат на растението во достапна - асимилативна форма. 
3. Го подобруваат квалитетот на плодовите (вкус, боја, хранлива вредност, големина) и постигнуваат зголемени приноси. 
4. Го стимулираат растот и развојот на никулците и изданоците, го унапредуваат растот и развојот на нивниот коренов систем, забрзувајќи го никнењето на семето или закоренувањето на садниот материјал и осигурувајќи успешно садење или расадување.
5. Тие се хранлив материјал од делотворни микроорганизми и енергија за виталните процеси кај растението (дигестија, транспирација, денитрификација, нитрификација).
6. Нивната активност е споредлива со активноста на хормоните и ауксините.
7. Ги адсорбираат токсичните органски соединенија и тешки метали од атмосферата, и на овој начин помагаат да се заштити природната околина и растенија од токсични супстанци произведени од микроорганизмите.
8. Тие формираат агломерати кои даваат одлична структура, аерација и воден капацитет во почвата.
9. Ја регулираат pΗ на почвата.

ЗАКЛУЧУВАМЕ ДЕКА DOUBLE ЃУБРИВАТА ПОСТИГНУВААТ:
o Зголемен принос и подобрен квалитет на производите.
o Подобрен квалитет и плодност на почвата.
o Ја намалуваат потребата за ѓубриво за 20-30%.
o Лесна, брза и економична апликација на ѓубрива.
o Ги покрива сите потреби на почвата и производството со ЕДНО ЃУБРИВО.


ОДБЕРЕТЕ ГО НАЈДОБРИОТ ПРОИЗВОД ЗАВИСНО ОД ПОЧВЕНАТА АНАЛИЗА, СПЕЦИФИКИТЕ НА КУЛТУРАТА И ОКОЛНИТЕ УСЛОВИ

СОСТАВ

Параметри

Декларирани вредности

Вкупен азот N %

7

Фосфор  P2O %

10

Калиум  К2О %

20

Магнезиум MgO %

3

Органска материја %

40

Примена: 
• Се нанесува како основно ѓубриво кај сите земјоделски култури.
• Се аплицира со инкорпорација во почвата за нејзина подготовка.
Дозирање: 
40 – 60 кг/декар односно 400 - 600 кг/хектар