Услови за купување

Услови за купување преку Интернет
Со самото пристапување на веб страната на ИГН МАГРО АГРОХЕМИКАЛ - Скопје се согласувате со општите услови и правила кои треба внимателно да ги прочитате. Условите ги дефинираат односите помеѓу ИГН МАГРО АГРОХЕМИКАЛ - Скопје од една страна како сопственик на интернет страната со домеин www.ignmagro.com и сите негови подомеини и електронските корисници на домеинот и неговите поддомеини.
ИГН МАГРО АГРОХЕМИКАЛ - Скопје не превзема одговорност доколку корисникот не ги прочитал општите услови и правила

Купување
Купувачот има право да го одбере производот кој е понуден на веб страната на www.ignmagro.com и истиот да направи нарачка со што ќе ја определи количината начинот на испорака и останатите опции понудени на веб страната. Купувачот има право во секое време да ја откаже, дополни или модифицира направената нарачка се до моментот пред да го реализира плаќањето. Со самото реализирање на плаќањето купувачот склучува договор со ИГН МАГРО АГРОХЕМИКАЛ - Скопје за рокот, условите и производот кои се предмет на нарачка.
Доколку поради технички причини настане проблем со правењето на нарачката преку веб страната ИГН МАГРО АГРОХЕМИКАЛ - Скопје го задржува правото да ја одбие и да не ја комплетира нарачката со тоа што нема да настанат никакви облигациони односи со купувачот освен повраток на парите доколку истите се наплатени од купувачот.

Безбедност
ИГН МАГРО АГРОХЕМИКАЛ - Скопје е посветен на целосна безбедност на веб сајтот со тоа што ги применува најсигурните и докажани безбедносни решенија со цел заштита на клиентот. Заштитата ИГН МАГРО АГРОХЕМИКАЛ ја обезбедува на домеин www.ignmagro.com како и на сите поддомеини на истата страна. ИГН МАГРО АГРОХЕМИКАЛ не ја гарантира безбедноста доколку на сајтот има поставено линк до друга веб страна и не превзема никаква одговорност во однос на заштита на личните податоци на тие страници.
Плаќањата преку веб страната можат да се остварат преку MasterCard, Maestro, Visa, Visa Electron и други платежни картички од домашни банки доколку Стопанска банка АД Скопје е овластена да организира нивни прифаќање. Пред правењето на нарачката проверете дали банката издавач на картичката има овозможено правење на трансакции преку интернет.

Лични Податоци
Со прифаќање на условите на корисниците што се регистрирале на www.ignmagro.com и ги приложиле своите информации во полињата за регистрација се согласни сите податоци вклучувајќи ги и личните податоци да бидат обработени и користени од страна на ИГН МАГРО АГРОХЕМИКАЛ за понудените услуги, рекламирањето на производите и услугите и реализирање на испораката и плаќањето. Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија и истите се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци. ИГН МАГРО АГРОХЕМИКАЛ не собира никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Стопанска Банка АД Скопје.
При пополнување на полињата за плаќање ИГН МАГРО АГРОХЕМИКАЛ не собира никави податоци за картичките бидејќи истото плаќање се пренасочува кон Стопанска Банка АД Скопје на сигурна веб страна и ИГН МАГРО АГРОХЕМИКАЛ нема никаков пристап до податоците. Притоа податоците се чуваат по највисоки критериуми за сигурно работење според банкарската политика и законските прописи во Македонија.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и ИГН МАГРО АГРОХЕМИКАЛ не превзема никаква одговорност за истото.