ТРЕФО МИКС (250гр)

Слика на ТРЕФО МИКС (250гр)
ТРЕФО МИКС (TREFO MIX) Tечно органско-хемиско ѓубриво со хумусни соединенија-аминокиселини-растителни хормони збогатени со азот-фосфор-калиум-микроелементи! ТРЕФО (TREFO) производите се течно-хумусни високо квалитетни ѓубрива.

ден 140,00
Производител: Ledra Ltd

ТРЕФО МИКС (TREFO MIX)

Tечно органско-хемиско ѓубриво со хумусни соединенија-аминокиселини-растителни хормони збогатени со азот-фосфор-калиум-микроелементи!

ТРЕФО (TREFO) производите се течно-хумусни високо квалитетни ѓубрива. Тие се всушност екстракт од ХУМУС кој поминува низ специјална процедура на производство до краен производ кој е кондензиран и збогатен на таков начин што им ги овозможува на почвата и растението следните ефекти:

 Подобрување и ремоделирање на проблематичните почви, ослободување на почвите.

 Активација, ширење и преработка на хемиските ѓубрива.

 Влијание врз активното дејство на ѓубривата при фолијарна апликација.

 Витализирање на различните пестициди и на производите кои се употребуваат за пад на листовите.

 Намалување на кондезацијата на солите.

 Задржување на јоните од хранливите материи.

 Активирање на неактивните хранливи супстанции.

 Подобрување на хемискиот состав на почвата при подготовката за најдобар 
прием на семенскиот или на садниот материјал.

 Развој на кореновиот систем и балансирање на вегетацијата на растението.

 Зголемување на волуменот на клетките на растението.

 Побрзо плодоносење и порана берба/жетва.

 Помош на растението во борбата против различните болести.

 

Овие производи ги даваат следниве резултати:

 Ги зголемуваат приносите

 Го подобруваат квалитетот на почвата и производството на културите

 Ја подобрува отпорноста на културите и го продолжува рокот на траење на производите при транспорт и складирање.


СОДРЖИНА:

 ОРГАНСКА МАТЕРИЈА како што се хумичните и фулво киселините

 NPK = азот, фосфор, калиум

 МИКРОЕЛЕМЕНТИ: калциум (Cа), магнезиум (Мg), железо (Fе), манган (Мn), бакaр (Cu), бор (B), молибден (Мо), цинк (Zn), кобалт (Co)


 ЕНЗИМИ - МИКРООРГАНИЗМИ кои ги подобруваат почвените својства

 РАСТИТЕЛНИ ХОРМОНИ

Параметри

Декларирани вредности

Вкупен азот N %

15

P2O %

5

К2О %

5

Органска материја %

44


НАЧИН НА УПОТРЕБА

 Се употребува фолијарно или преку водата за наводнување.

 Се додава производот во смесата за прскање, на крајот.

 При специфични прилики, има потреба од посебно прскање.

 Да се промеша добро пред употреба.

УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА

A. ВООБИЧАЕНА УПОТРЕБА:

1. ФОЛИЈАРНО НАНЕСУВАЊЕ:
- Овој производ се раствора во вода во сооднос 1 литар ТРЕФО/200 литри вода.

2. ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПОЧВАТА – ОСНОВНО ОРГАНСКО ЃУБРЕЊЕ:
- Почвата се натопува со 50-70 литри ТРЕФО/ха (5-7 литри/декар).

3. ЗА СЕИДБА:
- За време на подготовките на почвата, таа треба да се натопи со 30-50 литри ТРЕФО/ха (3-5 литри/декар).

Б. ПОСЕБНА УПОТРЕБА:

4. ЗА ГРАДИНАРСКИ КУЛТУРИ:
- (домати, краставици, модри патлиџани, грашок, салата, зелка, карфиол, и др.)
- Се нанесува на листовите, 10- 20 литри ТРЕФО/ха.
- По една апликација на секои 15- 20 дена.

5. ЛУБЕНИЦИ, ДИЊИ:
- Се нанесува на листовите, 20-30 литри ТРЕФО/ха.
- Се нанесува 5-7 пати за време на вегетативниот период.

6. ПОЛСКИ НАСАДИ:
- (памук, тутун, компир, шеќерна репка, житарици, пченка, и др)
- Се нанесува 10-20 литри ТРЕФО/ха.
- Се нанесува 4-6 пати, во периоди од 10-15 дена.

7. БАНАНИ, КИВИ-МЛАДИ НАСАДИ:
- Секој пат, 30-50 литри/ха.
- Најмалку 3 апликации во текот на вегетационата сезона.

8. ГРОЗЈЕ-СУВО ГРОЗЈЕ:
- 10-20 литри ТРЕФО/ха.
- Се нанесува 3- 4 пати за време на вегетативниот период.

9. АСПАРАГУС – ЈАГОДИ:
- 10-20 литри ТРЕФО/ха.
- Се аплицира 3-4 пати за време на вегетационата сезона.

10. ДРВЕНЕСТИ НАСАДИ:
- 20- 40 литри ТРЕФО/ха во зависност од староста на дрвјата.
- 3- 5 апликации за време на првата фаза од растењето и плодоносењето (се нанесува фолијарно или преку коренот -систем за наводнување).

11. ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ЦВЕЌЕ - УКРАСНО ЦВЕЌЕ-ТРЕВА:
- 20-50 литри ТРЕФО/ха
- Апликации на секои 15- 20 дена.

12. СОБНИ РАСТЕНИЈА:
- Се нанесува фолијарно на секои 2 недели по 50 мл ТРЕФО во 10 литри вода.


Комбинации:

ТРЕФО може да се комбинира со сите хемиски ѓубрива и со пестицидите: инсектициди - фунгициди - хербициди.