СУПЕР ФОСКА 0-26-34 (1кг)

Слика на СУПЕР ФОСКА 0-26-34 (1кг)
СУПЕР ФОСКА 0-26-34 (SUPER FOSKA) – Производ од нова генерација, за чие производство се применуваат најновите технологии во агрохемијата. Течно, брзо усвојувачко ѓубриво, кое му доставува на растението високи концентрации на фосфор и калиум со основно дејство на засилување на имунитетот на растението спрема заболувањата!

200,00 ден
Производител: Ledra Ltd

СУПЕР ФОСКА 0-26-34 (SUPER FOSKA)

СУПЕР ФОСКА 0-26-34 (SUPER FOSKA) – Производ од нова генерација, за чие производство се применуваат најновите технологии во агрохемијата. Му ги обезбедува на растението есенцијалните хранливи материи, но основното дејство му е засилување на имунитетот на растението спрема заболувањата. СУПЕР ФОСКА се апсорбира во растението брзо и ги активира одбранбените механизми на растението, особено спрема габи и бактерии.

СУПЕР ФОСКА 0-26-34 (SUPER FOSKA) е течно, брзо усвојувачко ѓубриво, кое му доставува на растението високи концентрации на фосфор и калиум. Го потпомага формирањето на плодовите и синтезата на шеќери, воедно влијае на квалитетот на приносите. Овој производ благодарение на уникатната молекуларна структура, високата содржина на хранливи материи, можноста за максимално усвојување од страна на растението како и на успешното комбинирање со препаратите за заштита на растенијата претставува силно и моќно средство и за заштита на растенијата и за исхрана на растенијата.

Ефектите од примената на СУПЕР ФОСКА се следните:

1. Брзо дејство на течно ѓубриво со висока концентрација на макроелементи

2. Ја зголемува отпорноста на културата кон суша и болести

3. Ги покачува приносите и нивниот квалитет

4. Го превенира полегнувањето на културите

5. Осигурува повисока апсолутна и хектолитарска маса на зрно


СЕРИЈА СУПЕР Д.А.Л (SUPER D.A.L)

СУПЕР ФОСКА 0-26-34 (SUPER FOSKA) е течно ѓубриво од серијата СУПЕР Д.А.Л, која вклучува високо концентрирани течни молекуларни ѓубрива, кои што содржат 1-3 макроелементи (АЗОТ, ФОСФОР, КАЛИУМ) во високи количини задоволувајќи ги сите потреби на растенијата, зависно од фазите на раст и развој соодветно.

За да се осигура оптимален хранителен режим на растенијата, кон формулите е додаден и сет од есенцијалните микроелементи БОР, КОБАЛТ, БАКАР, МОЛИБДЕН, ЦИНК, МАНГАН, ЖЕЛЕЗО, што се дел од бројни метаболички процеси во растителните организми. Во сетот се додадени и продорни агенти кои обезбедуваат брза и целосна апсорпција на хранливите материи. Овие агенти ја зголемуваат способноста за продирање, како и што го забрзуваат навлегувањето на хранливиот раствор преку епидермисот. Тие допринесуваат за рамномерно распределување и задржување на хранливиот раствор на лисната површина, што обезбедува максимално усвојување на активните материи.

ЕФЕКТИ од примена на ѓубривата од серијата СУПЕР Д.А.Л:
 Асимилација во растението за краток временски период
• Осигурување на неопходните хранливи елементи во најкритичните фази на раст и развој
• Исклучително лесна апликација, без опасност од затнување на капалките и загадување на механизацијата
• Брзо и ефективно усвојување на хранливите елементи за време на критичните фази, особено при неповолни климатски и почвени услови


СОСТАВ

Параметри

Декларирани вредности

Вкупен азот N %

0

Фосфор P2O%

26

Калиум  К2О %

34

Цинк Zn %

0,01

Бор B %

0,01

Кобалт Co %

0,02

Бакар Cu %

0,009

Железо Fe %

0,01

Манган Mn %

0,01

Молибден Mo %

0,002

 

АПЛИКАЦИЈА:

Производот се аплицира во текот на сите фенофази кај растенијата. Погоден за фолијарна и почвена апликација кај сите култури.

1. Фолијарна апликација: 100-600 гр СУПЕР ФОСКА во 100 литри вода

2. Систем за наводнување: 20-50 кг/ха (2-5 кг/декар) СУПЕР ФОСКА

 

Култура

Фолијарна апликација гр/декар

Почвена апликација кг/декар

Зрнести култури (Пченица, Пченка, ‘Pж, Ориз)

300

 

Маслодајни култури (Репица, Сончоглед)

300

 

Винова лоза и овошки

300

3

Дрвенести видови

300-400

3-4

Лубеници, дињи

200-400

2-4

Градинарски култури (домат, пиперка, модар патлиџан, краставици, компир)

200-400

2-4

Луковидни култури (лук, кромид, праз)

200-400

2-4

Нормите за ѓубрење се земени како просек и пример. Треба да се направи соодветна програма со земање во предвид на технологијата на производство, спецификациите на сортата/хибридот на културата, почвените карактеристики и микробиолошката активност и др. Потребна е и повремена почвена анализа.
За повеќе информации, можете да ги исконсултирате нашите земјоделски инженери!

КОМБИНИРАЊЕ СО ДРУГИ ХЕМИСКИ ПРОИЗВОДИ:

Може да се комбинира, меша или аплицира со сите видови на пестициди како инсектициди, фунгициди и хербициди. Не смее да се меша и да се комбинира со масла и маслени производи.

Подобро е да се изврши тестирање на секоја комбинација со мешање на мали количества од производот со препаратот со кој сакаме да го комбинираме.