Пченица АНДИНО (Andino) (25кг)

Picture of Пченица АНДИНО (Andino) (25кг)
Озима средно рана сорта наменета за услови на интензивно производство!

800,00 ден
Manufacturer: AGROGLOBE

Озима средно рана сорта на пченица

Клас со осилки

Норма на сеидба: 180-200kg семиња/ ха

Сорта на пченица наменета за интензивно производство со примена на целосна агротехника, проследено со фантастичен потенцијал за принос. Стеблото е многу ниско и исклучително отпорно на полегнување. Добро поднесува и подоцни рокови на сеидба и е исклучително толерантна кон економски позначајните болести.

ЃУБРЕЊЕ

Потреби за хранливи елементи:
N:P:K во сооднос 2:1:0,7
За да се оствари 1 тон принос, потребен е 20 кг чист азот/ха.

Пример:
За 8 тони принос потребно е
20 кг х 8 = 160 кг чист азот/ха
Уреа 46% = 160 х (100/46) = 347 кг/ха
АН 34% = 160 х (100/34) = 470 кг/ха
Распоред на азотното ѓубриво:
1/3 во есен пред сеидба, а 2/3 во пролет.
Пример:
Од 160 (вкупно потребно) – 1/3 (потребна да се даде наесен) = 53 кг
NPK 15:15:15 треба 355 кг/хаили
MAP 11:52:0 треба 200 кг/ха + UREA 46% 100 кг/ха

ЗАБЕЛЕШКА:

Со употребата на уреа наесен пред сеидба, ако се заоруваат жетвените остатоци, а особено ако е преткултура пченката, се обезбедуваат доволни количини азот за ‘ртење, што е предуслов за голем број на растенија по хектар (густ склоп), а со тоа и висок принос. NPK ѓубривата се користат на основа на хемиска анализа на почвата.

ОСНОВНО ОРАЊЕ

Не поплитко од 20 cm, орање, култивирање, директна сеидба.

СЕИДБА

Од 180-200 кг/ха во услови на добра претсеидбена подготовка, односно 400-450 семки по м2, во оптимален рок на сеидба, на основа на ‘ртливоста на семето.

ПРИХРАНА

Да се изврши во два наврата и тоа на основа на анализа на почвата. Првиот пат треба да се изведе рано напролет, крајот на фебруари – почетокот на март. Вториот пат треба да се изведе што подоцна како би обезбедиле што повеќе протеини во зрното, а со тоа би осигурале квалитет на брашно.

Пример:
Ако во есен се дадат 55 кг/ха чист азот, во пролет треба да се додаде 
160 – 55 = 105 кг/ха
1 прихрана 150 кг/ха УРЕА 46%
2 прихрана 100 кг/ха АН 34%

ЗАШТИТА

Фунгицид + хербицид напролет кога започнува вегетација
Фунгицид + инсектицид на почетокот на цветањето на пченицата

АКО СЕ ПРИДРЖУВААТ ФАРМЕРИТЕ ДО ОВАА ТЕХНОЛОГИЈА, СО СЕИДБАТА НА ДЕКЛАРИРАНО СЕМЕ, МОЖЕ ДА СЕ ОСТВАРИ ПРИНОС ПОВИСОК И ОД 8 ТОНИ/ХА СО ВИСОКО ТЕХНОЛОШКИ КВАЛИТЕТНО ЗРНО!