ПЛАСИС КАЛЦИУМ (PLASIS CALCIUM) (1000кг)

Picture of ПЛАСИС КАЛЦИУМ (PLASIS CALCIUM) (1000кг)
ПЛАСИС КАЛЦИУМ (PLASIS CALCIUM) (подобрувач на почвата, хумусен производ за реформирање на почвата) Производот ПЛАСИС може да ја промени pH вредноста (киселоста) на почвата. Тој исто така ја збогатува почвата со важни елементи за исхрана на растението. Овие производи можат да ја подобрат структурата на почвата, капацитетот за резерви и други физички и хемиски карактеристики на почвата.

11.700,00 ден
Manufacturer: Ledra Ltd

 

ПЛАСИС (PLASIS)

(подобрувач на почвата, хумусен производ за реформирање на почвата)

 

КАРАКТЕРИСТИКИ

 Производот ПЛАСИС може да ја промени pH вредноста (киселоста) на почвата. Тој исто така ја збогатува почвата со многу важни елементи за исхрана на растението. Овие производи можат да ја подобрат структурата на почвата, капацитетот за резерви и други физички и хемиски карактеристики на почвата.

 Производите ПЛАСИС ги заменуваат вообичаените производи за подобрување на карактеристиките на почвата како што се измет, вар, сулфур и други индустриски препарати. Овие наведени производи ги немаат можностите и карактеристиките на ПЛАСИС производите, туку напротив, тие имаат големи слабости и можат да му предизвикаат сериозни проблеми на фармерот и на квалитетот на почвата, како што е уништувањето на поволните микро-организми и микро-елементи, акумулирањето на солите, тешките метали и хлоридите и создавање на отровни почви.

 УПОТРЕБА НА ПЛАСИС

 1.         За збогатување на ослабените почви со органски материи од најдобар квалитет (ХУМУС) и за зголемување на плодноста на почвата.

 2.         За активирање  на поволните микро-организми кои помагаат при  асимилацијата (апсорбирањето)  на хемиските ѓубрива.

 3.         За нарушување на акумулираните соли во почвата.

 4.         За збогатување на почвата со микро елементи.

 5.         За регулирање и стабилизирање на pH вредноста на почвата на ниво на кое што и одговара на земјоделската култура.

 АПЛИКАЦИЈА НА ПЛАСИС

AПЛИКАЦИИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕ – ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ПРОБЛЕМАТИЧНАТА pH ВРЕДНОСТ НА ПОЧВАТА

Во проблематични почви PLASIS ја регулира киселоста на почвениот раствор (pH) и го покачува процентот на органска материја. Пред садењето на културата (било да е оранжериско производство, производство на отворено, едногодишни и повеќегодишни култури), треба да се детерминираат потребите на почвата со соодветни анализи за да се одреди соодветен тип на ѓубриво од PLASIS палетата.

  • За едногодишни култури, во текот на основното ѓубрење за подготовката на почвата, пред сеидба или расадување се аплицира по пат на дисперзирање (се растура по површината на почвата) и со интеграција (се меша со почвата), а кај повеќегодишни култури и дрвенести видови, препорачливо за време на зимскиот период, со растурање и мешање во почвата или пак по пат на обемно наводнување. Апликацијата е 1-2 тони/хектар. При употреба на PLASIS за првпат се преоѓа на 2 тони на хектар, а при редовна примена по 1 тон на хектар.
  • Во случај кај растенија кои имаат способност да апсорбираат повеќе катјони или повеќе анјони од почвениот раствор, pH вредноста на почвата може да се смени во текот на вегетацијата ( на пример – памукот има зголемена апсорпција на катјони и оттука ја закиселува почвата ), па се препорачува да се користи превентивно со основното ѓубрење, помали количини од соодветен почвен реформатор PLASIS (50 кг/декар) со цел да се контролира и да се стабилизира pH вредноста пред било какви несакани ситуации.

ДРУГИ АПЛИКАЦИИ ВО СРЕДИНАТА

Хумусниот почвен реформатор аплициран во повеќе проекти поврзани со управувањето и толкувањето на животната средина како што се:

  • Проекти за животната средина и вегетацијата со цел реставрација на камеленоми.
  • Проекти за пошумување на области погодени од катастрофални непогоди.
  • Проекти за елиминација на влијанијата врз животната средина од технички интервенции.
  • Проекти за ресторација на пејсажи и зеленило.
  • Проекти за контрола за намалување на соленоста на почвите, нивната експлоатација во однос на туризмот и слични поврзани активности. 

 СОСТАВ

 Анализите на ПЛАСИС производите се научно дефинирани. Содржина:

1.   Активни материи за реформирање на почвата

2.   Органска материја - ХУМУС (хумични киселини, фулвокиселини, протеини, и др.)

3.   АЗОТ (овие производи се богати со азот и нема да причинат никаков недостаток на азот во почвата поради изобилието на јаглерод и промената на односот меѓу јаглерод и азот).

4.   МИКРО ЕЛЕМЕНТИ (хранливи материи и катализатори).

  

Параметри

Декларирани вредности

Вкупен азот N %

0,5

P2O%

1,5

К2О %

0,5

Mg %

0,8

Fe %

4,5

Mn %

1,5

Ca %

2,5

Органска материја %

65

  

МИКРОЕЛЕМЕНТИ

БОР (B), КОБАЛТ (Co), БАКАР (Cu), ЖЕЛЕЗО (Fe), МАНГАН (Mn), МОЛИБДЕН (Mo), ЦИНК (Zn).

 ХУМУС

ОРГАНСКА МАТЕРИЈА - ХУМУС: хумични киселини, фулвокиселини, протеини и др.

 

Напомена: Горе наведените дози се само индикативни. Дозите може да се променат зависно од почвените карактеристики, локалните климатски услови, фазата на раст и развој и други фактори. Програмата треба да биде целосна со додавање на хемиски ѓубрива зависно од случајот.

Препорачуваме консултирање со нашиот тим за избор на соодветна програма за примена на ѓубривата со цел да се постигне нивен максимален ефект.