ПИНДСТРУП СУПСТРАТ ПЛУС БЛУ (PINDSTRUP SUBSTRATE PLUS BLUE) (300л)

Слика на ПИНДСТРУП СУПСТРАТ ПЛУС БЛУ (PINDSTRUP SUBSTRATE PLUS BLUE) (300л)
ПИНДСТРУП СУПСТРАТ ПЛУС БЛУ (PINDSTRUP SUBSTRATE PLUS BLUE) Супстрат со делумна содржина на ѓубриво, 60% темен тресет, идеален за градинарско производство!

ден 1.200,00

ПИНДСТРУП СУПСТРАТ ПЛУС БЛУ (PINDSTRUP SUBSTRATE PLUS BLUE)
СУПСТРАТ СО ДЕЛУМНА СОДРЖИНА НА ЃУБРИВО, 60% ТЕМЕН ТРЕСЕТ, ИДЕАЛЕН ЗА ГРАДИНАРСКО ПРОИЗВОДСТВО!


ПИНДСТРУП Мосебруг А/С (PINDSTRUP Mosebrug A/S) е една од светските водечки компании за производство на високо-квалитетни супстрати за професионални одгледувачи. Со повеќе од 100 години искуство во оваа гранка на индустријата за тресет и 5 децении во снабдувањето супстрати, ПИНДСТРУП се одликуваат со врвна know-how технологија за производство на силни основи за здрави растенија.

Начин на производство:

Тресетот се собира со користење на два различни метода – сечење во блокови и собирање со вакуум (уште наречен и мелен тресет).

Првиот начин – сечење во блокови се одвива кога тресетот се сече во блокови со машина сечач кои потоа се оставени во мочуриштето за да замрзнат во текот на зимата. Динамичната акција на замрзнување и одмрзнување ги отвора густо збиените тресетни маси. Наредното лето, блоковите се собираат и се ставаат во купови кои се покриваат за да останат суви во текот на летото. Од овие купови, блоковите понатаму се транспортираат до фабриката за понатамошна преработка. Тресетот во блокови се применува во високо-квалитетни супстрати за размножување на растенијата и одгледување во контејнери/саксии.

Вториот начин – собирање со вакуум е метод каде горните 2-3 см од мочурливото земјиште се мелат, па се сушат и после тресетот се собира со вакуум жетвар. Овој начин резултира со тресет со поголема содржина на ситни честички отколку тресетот во блокови.

Суровите материјали се транспортираат до фабриката каде различни степени на квалитет се собираат и одбираат во сала за скрининг преку ситнење со сечачи и прикажување на екрани. Стандардни степени на скрининг се од 0-3 мм, 0-6 мм и така натаму се до над 40 мм.

За производство на супстратите, тресетот со бараниот квалитет се транспортира во наредна зграда преку подвижни ленти каде со помош на автоматски компјутерски контроли му се додаваат варовник, ѓубрива и други адитиви.

Системот за мешање на Пиндструп е уникатен во индустријава бидејќи се меша 1 метар кубен во време. Ова обезбедува темелно, ефикасно и внимателно мешање што води кон униформност и зачувување на добрата структура.

Пиндструп имаат долга традиција на посветеност кон постојаното усовршување на квалитетот на производите.
Нивната висока побарувачка за квалитет е обезбедена преку сеопфатна контрола на производите. Уште во мочуриштето се тестира суровиот тресет за pH, спроводливост, содржина на вода и сува материја, како и присуство на семиња од растенија и плевели. Во понатамошната преработка, се вршат континуирани стандардизирани анализи на големината на честичките, способноста за внес на вода, капацитет на процедување и капацитет за задршка на вода, како и параметрите на pH реакција и кондуктивитет (способност за спроводливост).

Код на производство е прикажан на секој производ. Преку овој код се овозможува целосна следливост на секој производ во било кое пакување во точното време на производство. Воедно се чуваат контролни примероци од секое производство за подоцнежна употреба, ако дојде до таков случај. Лабораторијата дава контролен репорт и за секое производство на испитуваните параметри погоре споменати, а се печати и декларација со кодовите на производство во склоп со амбалажите.
Сето ова е направено за да се обезбеди целосна контрола на квалитет и исполнување на сите стандарди согласно Европските норми.

СОСТАВ

Параметри

Вредности

Вкупен азот N mg/l

50-120

P2O mg/l

60-250

К2О mg/l

60-350

pH

5,6-6,4

Гранулометриски состав mm

<50

Содржина на вода %

50-70

Содржина на соли g/l

<3

 

Примена и за професионално одгледување и за аматерско хоби одгледување