Кои сме ние?

Нашата приказна започнува во 1996 година под името MAGRO NB , за од 2007 година да продолжиме со ребрендираното име ИГН МАГРО АГРОХЕМИКАЛ, но со истата посветеност  и грижа за нашите клиенти и со истата професионалност, својствена на нашата фирма од почетокот на нејзиното основање.

Основната дејност на нашата компанија е трговија на мало и големо на земјоделски ѓубрива, средства за заштита и репроматеријали. Ние сме тука да им овозможиме на индивидуалните земјоделски производители сè што им е потребно за добар и квалитетен род, а експертизата на нашите агрономи достапна им е во секое време.

ИГН МАГРО АГРОХЕМИКАЛ низ годините прерасна во сериозен бизнис партнер во рамки на агро-заедницата во Македонија, но и во регионот, така што денеска  во своето производно портфолио има ексклузивна понуда на врвни продукти од реномирани светски компании.   

БРЕНДОВИ

Во интерес на развивање на македонската агрокултура, нашата фирма е претставник на неколку странски компании, сите од областа на земјоделството. Станува збор за фирми со големо искуство во својот домен, како грчката фирма LEDRA LTD која произведува ѓубрива по најнова технологија  и според лиценцата на американската фирма G.T. CHEMICALS, за кој бренд ИГН МАГРО АГРОХЕМИКАЛ е ексклузивен застапник на македонскиот и српскиот пазар.

Исто така, нашата палета на понуди вклучува и производите од фирмата AGROGLOBE од Србија која располага со најдобрата семенска пченица од француско потекло од типот на Apache, Andino и Anapurna.

Производите на Унгарскиот институт за развој и производство на семиња ZKI VETOMAG се исто така застапени на македонскиот пазар преку нашата компанија, како и семенските материјали од MAISADOUR– Франција и SATIVA од Италија.Производи на сите набројани брeндови се лесно достапни за нашите клиенти преку осум наши земјоделски аптеки на различни локации во Република Македонија.

Благодарение на високата технологија и стручните лица од  DAIOS PLASTICS од Грција, на македонскиот пазар пласираме секаков вид на фолии со висок квалитет и долготрајност, производи кои се прв избор  на фирми и поединци производители на земјоделски производи во пластеници. 

За македонскиот пазар да биде уште поразновиден, се погриживме на нашите клиенти  да им овозможиме пристап до производите од палетата на PINDSTRUP од Латвија, со чии што тресет и супстрат тие се неприкосновени лидери на пазарите во Данска, Северна Ирска, Шпанија, Естонија и Латвија. Отсега, присутни тука во аптеките на ИГН МАГРО АГРОХЕМИКАЛ.

Во нашата понуда стои и палетата на фабриката POLINS од Србија, од чија што производна програма на пазарот го нудиме најдоброто за домашна и земјоделска употреба.

МИСИЈА

Комплетна стручна нега и заштита на вашите култури по светски стандарди.

ВИЗИЈА

Лидер во земјоделската експертиза и иновациите.