БЛУ СТАР (BLUE STAR) 20-20-20 (20кг)

Слика на БЛУ СТАР (BLUE STAR) 20-20-20 (20кг)
БЛУ СТАР (BLUE STAR) 20-20-20 Високо квалитетни кристални, водорастворливи, збогатени со микроелементи, протеини и витамини. Блу Стар 20-20-20 се аплицираат фолијарно со прскање или преку систем за фертигирација. Оваа група на производи има уникатни карактеристики споредено со други ѓубрива од овој тип.

900,00 ден
Производител: Ledra Ltd

БЛУ СТАР (BLUE STAR) 20-20-20

Високо квалитетни кристални, водорастворливи, збогатени со микроелементи, протеини и витамини. Блу Стар 20-20-20 се аплицираат фолијарно со прскање или преку систем за фертигирација. Оваа група на производи има уникатни карактеристики споредено со други ѓубрива од овој тип.

 

            БЛУ СТАР (BLUE STAR)20-20-20 е кристално водорастворливо ѓубриво збогатено со аминокиселини и витамини, произведено по Американска високо квалитетна технологија, наменето специјално за фолијарна и почвена апликација. Овие производи се збогатени со соединенија кои помагаат ѓубривава да се апсорбираат исклучително брзо преку лисјата на растението.

            БЛУ СТАР (BLUE STAR)20-20-20 ги содржат макроелементите азот (N), фосфор (P) и калиум (К) – сите три избалансирани во висока содржина погодни за вегетативните фази на културите. Збогатени се и со микроелементи во нивна хелатна форма - ЕДТА формите (железо, магнезиум, бор, цинк, манган, молибден и бакар) во количини идеални за растенијата.

            Исклучително соодветен за внесување во фазите на цветање и плодоносење на културните растенија, кога  консумацијата на основните макроелементи е висока и се одредува квалитетот и се добива на принос. БЛУ СТАР 20-20-20 има позитивно влијание на отпорноста на растението спрема болестите и негативните стрес фактори.

            Основните елементи азотот, фосфорот и калиумот се содржани во 100% водорастворлива форма. Благодарение на методот на нивното производство, активните елементи се со висока чистота и без присуство на токсични елементи како хлор и натриум. Нивната употреба не води кон засолување на почвите.

            БЛУ СТАР (BLUE STAR) се наполно безопасни и можат да се аплицираат како со прскање, така и со системи за наводнување, како и директно врз почвата. Користењето на овие производи од серијата БЛУ СТАР гарантира постигнување на посакуваните резултати. Освен тоа, осигуруваат достапни форми на макро и микроелементите, го стимулираат развојот на кореновиот систем, влијаат врз растот и развојот на растението, го зголемуваат приносот и квалитетот на производите.

            Веќе споменавме дека во составот на БЛУ СТАР има аминокиселини и витамини.

            Основните компоненти на живите клетки се протеините кои се изградени од аминокиселини. Растенијата ги синтетизираат преку процесот на фотосинтеза, бидејќи нивното присуство е неопходно за нормална физиолошка активност на растението. Аминокиселините аплицирани фолијарно се усвојуваат директно од листовите и претставуваат готови градбени елементи за синтеза на протеини во растението, а доколку инкорпорирани во почвата ја подобруваат микрофлората во средината и ја олеснуваат асимилацијата на хранливи материи.

            Витамините се коензими, активатори на многу важни растителни ензими. Тие се есенцијални за растителните организми и се локализирани таму каде се најмногу неопходни. Високи концентрации на витамини често се среќаваат во листовите на растението, каде ги неутрализираат потенцијалните оксидативни штетни процеси. Овие производи од серијата БЛУ СТАР содржат витамини кои аплицирани соодветно овозможуваат оптимален развој и постигнување одлични резултати во производството. Витамините во состав на БЛУ СТАР го потпомагаат метаболизмот на јаглехидратите, учествуваат во синтеза на антиоксиданти и во процесот на дишење, учествуваат во заштита на клеточните ѕидови од оксидативни штети предизвикани од светлосната радијација и други стресови од средината. Коензимите учествуваат во синтеза на протеини во состав на клеточните ѕидови и на етилен кој го потпомога зреењето.

 

         Изборот на видот на производот и количината која што треба да се употреби зависи од видот на вегетацијата и од фазите на пораст!

 

BLUE STAR 20-20-20 – сеопфатно решение за вашите култури!

a)    Повисоки приноси и подобар квалитет на производите 

b)   Потпомага во растот и созревањето 

c)    Покачува имунитет на растителниот организам 

d)   Потпомага фотосинтеза, дишење и пренос на енергија 

e)    Стимулира интензивен раст и формирање на плодови 

f)     Ја подобрува отпорноста на растението спрема стрес фактори

 

Предности на ѓубривата од серијата Блу Стар:

  1.     Продираат во растението за краток временски период 
  1.     Ги обезбедуваат неопходните хранливи елементи во најкритичните фази 
  1.     Исклучително лесно се аплицираат, без опасност од затнување на капалките и загадување на механизацијата за апликација 
  1.     Брзо и лесно растворање 

СОСТАВ

БЛУ СТАР 20-20-20 +МЕ +АМК +ВИТ

-       Балансирана содржина на сите елементи

-       100% водорастворливо во кристална форма

 

Параметри

Декларирани вредности

Вкупен азот N %

20

Фосфор  P2O %

20

Калиум  К2О %

20

Бор %

0,01

Кобалт %

0,002

Бакар %

0,01

Железо %

0,5

Манган %

0,1

Молибден %

0,001

Цинк %

0,03

Аминокиселини

18

Витамини

А, B1, B2, B3, B6, B12, C, D2, D3, E

 

 

АПЛИКАЦИЈА

1. ФОЛИЈАРНА

            Вообичаена препорака 300-400 грама растворени во 100 литри вода.

            Можат да се комбинираат со сите видови на пестициди, освен со алкални производи и оние кои содржат бакар и калциум. Не се препорачува ни мешање со масла и маслени продукти.

            Препорачлива е апликација во ладните часови на денот. За подобра ефективност се препорачува температурата на водата да е над 15°С.

2. ФЕРТИРИГАЦИОНА

            Вообичаена препорака: 1-5 кг/декар

             

Култура

Фаза на пораст

Фолијарна апликација гр/декар

Почвена апликација кг/декар

Пченица, јачмен

Братење – класење

200-400

 

Репица

Фаза на розета

300-600

 

Сончоглед

2 пар листови – почеток на бутонизација

200-400

 

Пченка

Појава на 3ти – 5ти лист

200-500

 

Градинарски култури (зеленчук)

Зависно од програма на ѓубрење

200-600

2-6

Јагода, малина, капина

Почеток на вегетација – до цветање

200-500

2-5

Лубеници, тикви

Зависно од програма на ѓубрење

200-500

2-5

Винова лоза

До цветање

400-600

4-6

Овошни култури

До формирање на плод

400-600

4-6

Тревни површини

Прихрана

400-600

4-6

 

Нормиве за ѓубрење се дадени како просек и не се земени во предвид технологиите на производство, спецификите на сортата/хибридот на културата, почвените карактеристики и микрофлората, климатските услови и сл. За подетални информации и специфични апликации, како и за препораки за ѓубрење, слободно контактирајте ги нашите земјоделски инженери!